Архитектура и градба - категорија

маало повеќе

мн. маала
Вид збор: Именка, среден род
Одделен дел на градска или селска населба.
Англиски: district Турски: mahalle Албански: lagje, mehallë
Примери:
Ги прашуваше од кое маало се.

маѓерница повеќе

мн. маѓерници
Вид збор: Именка, женски род
Место во манастир, каде што се приготвува храната; манастирска кујна.
Англиски: monastic kitchen
Примери:
Сега куќата му е дом за стари рецепти од манастирските маѓерници.

макадам повеќе

(едн.) макадамот
Вид збор: Именка, машки род
Материјал и начин на правење патишта со помош на песок, ситен дробен камен полеан со вода и набиен со валјак.
Англиски: gravel Турски: makadam Албански: makadam
Така направен пат.
Англиски: road Албански: makadam, rrugë

малтер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Смеса, обично од песок, вар и вода што се користи за ѕидање и премачкување.
Англиски: mortar
Примери:
Фасаден малтер.

малтериса повеќе

малтерисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обложи со малтер.
Англиски: plaster
Примери:
Мајсторите за неколку дена ја малтерисаа куќата.

малтерисувач повеќе

мн. малтерисувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што малтерисува ѕидови и фасади.
Англиски: plasterer
Примери:
Тој работи како ѕидар и малтерисувач.

малтерџија повеќе

мн. малтерџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што меша, што подготвува малтер.

мансарда повеќе

мн. мансарди
Вид збор: Именка, женски род
Просторија или мал стан под покривот; таванска просторија.
Англиски: attic-room

мансарден повеќе

мансардниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мансарда.
Примери:
Мансарден простор.

маркичка повеќе

мн. маркички
Вид збор: Именка, женски род
Локација за изградба на објект.
Англиски: building site Албански: pullë
Дозвола за градба.
Англиски: permission Албански: leje për ndërtim
Документ во кој е обележан и дефиниран простор за градба, влезен во деталниот урбанистички план, во кој се дадени и димензиите на градежниот објект.
Англиски: document Албански: pullë, dokument

мартинка повеќе

мн. мартинки
Вид збор: Именка, женски род
Рачка на прозорец во форма на машничка што потсетува на врзан украс.
Албански: dorezë dritareje

материјал повеќе

мн. материјали
Вид збор: Именка, машки род
Тоа од што се гради, произведува.
Англиски: material Албански: material
Примери:
градежен материјал

мегдан повеќе

мн. мегдани
Вид збор: Именка, машки род
Плоштад во населено место.
Англиски: square Турски: meydan Албански: shesh, mejdan
Примери:
На мегданот се собра многу народ.

меѓукат повеќе

мн. меѓукатови
Вид збор: Именка, машки род
Кат меѓу приземјето и првиот кат; простор меѓу катови.
Англиски: mezzanine

мезанин повеќе

мн. мезанини
Вид збор: Именка, машки род
Кат меѓу приземјето и првиот кат.
Англиски: mezzanine

мердевен повеќе

мн. мердевени
Вид збор: Именка, машки род
скала
Англиски: stairs Турски: merdiven
Примери:
Се симна по мердевените.

мермер повеќе

мн мермери
Вид збор: Именка, машки род
Bид камен со средна тврдост со варовит состав, погоден за обликување, што се користи за изработка на скулптури и во архитектурата.
Англиски: marble Турски: mermer

мермерен повеќе

мермерниот
Вид збор: Придавка
Што е од мермер.
Англиски: marble
Примери:
Мермерни скали.

миксер повеќе

мн. миксери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мешање, матење во градежништво и др.
Англиски: mixer Албански: mikser, përzies

минаре повеќе

мн. минариња
Вид збор: Именка, среден род
Кула на џамија од каде оџата ги повикува верниците на молитва.
Англиски: minaret Турски: minare
Примери:
Погледот му го обземаше летот на птицата која леташе кон врвот на минарето.

миндер повеќе

мн. миндери
Вид збор: Именка, машки род
Одар за седење покрај ѕид.
Англиски: settee Турски: minder Албански: minder

мисија повеќе

мн. мисии
Вид збор: Именка, женски род
Зграда, седиште на мисија.
Англиски: mission Албански: selia e misionit

митрополија повеќе

мн. митрополии
Вид збор: Именка, женски род
Зграда, објект каде што е сместена управата на митрополитот.
Албански: mitropoli

многукатен повеќе

многукатниот
Вид збор: Придавка
Што има многу катови.
Англиски: multistorey
Примери:
Многукатна зграда.

многукатница повеќе

мн. многукатници
Вид збор: Именка, женски род
Висока зграда со многу катови.
Англиски: highrise
Примери:
Во градот имаше населба со многукатници.

модел повеќе

мн. модели
Вид збор: Именка, машки род
макета
Англиски: model Албански: maketë
Примери:
Модел на градскиот плоштад.

мозаик повеќе

мн. мозаици
Вид збор: Именка, машки род
Орнамент или слика составена од разнобојни камчиња или стакленца, зацврстени на некоја површина (под, ѕид, cвод).
Англиски: mosaic Албански: mozaik

молерофарбарски повеќе

молерофарбарскиот
Вид збор: Придавка
молерски и фарбарски
Примери:
молерофарбарски работи

мост повеќе

мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
Градежен објект што сврзува два брега, разделени од река, дол, пропаст и служи како премин.
Англиски: bridge Албански: urë
Примери:
камен мост, дрвен мост

мости повеќе

мостат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гради, прави мост.
Примери:
Почнаа мостови да мостат.

мостобран повеќе

мн. мостобрани
Вид збор: Именка, машки род
Конструкција за одбрана на столбовите на мостот од поплава, од мраз и сл.
Англиски: bridgehead Албански: kryeurë, mbrojtje ure

мостоградба повеќе

(едн.) мостоградбата
Вид збор: Именка, женски род
Градење мостови.
Англиски: bridge building
Примери:
Негова специјалност се железничките линии и мостоградбата.

мусандра повеќе

мн. мусандри
Вид збор: Именка, женски род
Голем ѕиден плакар со прегради, украсен со резба; обично за чување постелнина.
Англиски: closet Турски: musandıra
Примери:
Стоеше пред преполната мусандра.

мутли повеќе

мутлите
Вид збор: Именка, множина
потпокрив
Примери:
Старите работи се фрлаат во мутлите.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш